Руската војска оваа недела ќе преземе сеопфатни вежби на своите стратешки нуклеарни сили. Руското Министерство за одбрана соопшти дека тродневните вежби ќе почнат утре и дека во нив ќе учествуваат 12.000 војници, 213 ракетни лансери, 105 авиони, 15 воени бродови и пет подморници.
Во соопштението се наведува дека вежбите ќе содржат и практично лансирање ракети.
Генерал-мајор Јевгениј Илјин, шеф на одделението за меѓународна соработка на министерствата, рекол дека две интерконтитнентални балистички ракети ќе бидат лансирани кон цели, кои се наоѓаат на полуостровот Камчатка.
Тој додал дека стратешките бомбардери исто така ќе испалат крстосувачки ракети на неколку цели. Русија во последните години го прошири опсегот на воени вежби во моменти на зголемени тензии со Западот.