Тригодишниот Цепелин, куче кое исчезна пред една година е пронајдено на 2.500 километри од неговиот дом.
Мешаенецот од германски овчар живееше со своето семејство во Сакраменто Калифорнија. Тој беше посвоен како кученце и го доби името по омилениот бенд на неговите сопственици – Лед Цепелин. Згрижувачките родители беа воодушевени од него: тој беше љубезен кон сите, ги обожаваше луѓето и лесно се вклопуваше во семејството.
Но во октомври минатата година му се изгуби секаква трага. Сопствениците го бараа насекаде, но никој не го видел. Како да пропаднал во земја. Семејството претпоставувало дека тој можеби се спријателил со некои од работниците кои имале градилиште во близина и кои редовно му носеле подароци. Можеби некој од нив заклучил дека кучето нема сопственик, па откако завршила работата го понел со себе.
Но што всушност се случило не е познато. Цели 14 месеци сопствениците не знаеле апсолутно ништо за Цепелин. Постерите кои ги залепија на бандерите одамна станаа прашина, објавите на социјалните мрежи потонаа во архивите и сите го заборавија.
Тогаш сосема неочекувано заѕвони телефонот. Ветеринарот од другата страна на линијата ги повикал од Луисбург, Канзас, оддалечен околу 2.500 километри. Жена го донела кучето да му го исчитаат микрочипот откако Цепелин влегол во нејзината градина и легнал да се одмори.
Неговото однесување било исклучително пријателско, па таа сфатила дека можеби има сопственици и била во право.
Неговото семејство било шокирано од тоа што бил пронајден, а уште повеќе од тоа што бил толку далеку од нив. Како стигнал таму не е познато, но американските медиуми се воодушевени од оваа приказна.
Цепелин се врати дома каде дома го чекаа две изненадувања- прес-конференција и подмладок. Имено, не многу пред неговото исчезнување, Цепелин се дружел со кучка, кое по неговото исчезнување родило кученца. Неговото семејство чувало две, па Цепелин ќе биде прилично изненаден кога ќе дојде дома и ќе ги види. Неговиот сопственик е сосема сигурен дека ќе биде воодушевен, бидејќи сака кучиња и е многу нежен со нив.