Турските вооружени сили неутрализираа 550 терористи за време на операциите „Извор на мирот“ во северна Сирија, објави денеска турското Министерство за национална одбрана.
„Операцијата продолжува успешно источно од Еуфрат. Беа неутрализирани 550 терористи од Работничката партија на Курдистан и националните одбранбени единици“, соопшти турското министерство.
На 9 октомври, Турција го објави започнувањето на операциите „Извор на мирот“ во северна Сирија, кои започнаа со воздушни напади врз позициите на курдските единици, според ТАСС.