СДСМ и Владата која ја предводи за само 2 години изгради 500 километри патишта , нешто што ВМРО-ДПМНЕ не го направи ни за 11 години

Додека ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, Владата предводена од СДСМ вложува во вистински развој на инфраструктурата. Освен решавање на наследените незавршени и згрешени проекти на ВМРО-ДПМНЕ, токму СДСМ и Владата која ја предводи успеа за рекордно време од 2 години да изгради 500 километри  патишта во вредност од 540 милиони евра.

Обновени се преку 80 магистрални и регионални патишта со вкупна инвестиција од преку 400 милиони евра, а интензивно се работи и на преку 350 километри или околу 40 регионални патишта во изградба. Владата предводена од СДСМ, во овој момент инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура. Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој беше комплетно згрешен, а во тек е изградбата  на 4 експресни патишта во должина од преку 170 километри. Нешто за што ВМРО-ДПМНЕ не може да се пофали ниту за 11 години додека беше на власт. Покрај патиштата, истовремено се работи и на водоводот, канализацијата, гасификацијата, железницата кои воедно се основни потреби на граѓаните, а со години беа игнорирани.

Низ територијата на целата држава, се изградија над  400 километри водоводни и канализациски мержи, од кои само преку владини програми околу 250 километри, а останатите со средства на локалните самоуправи. Досега, пуштени се во употреба пречистителни станици за отпадни води во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп и Кочани, а планирани се пречистителни станици во уште 4 општини. СДСМ била и останува на страната на интересите на граѓаните. На прав пат сме!

Треба да знаете
Последни објави