Над 10 полицајци се убиени денеска во заседа во западната мексиканска држава Мичоакан, соопштија властите.
Сојузното министерство за јавна безбедност информираше дека се убиени 14 полицајци, додека министерството во таа сојузна држава наведе дека е потврдена смртта на 13 полициски службеници, а повредени се три лица.
Полицајците работеле во близина на градот Агуахе, кога вооружени цивили врз нив отвориле оган, пренесе „Ројтерс“.
Сојузното министерство за јавна безбедност соопшти на „Твитер“ дека ќе ги искористи сите средства за да ги пронајде убијците.
Државата Мичоакан веќе долго е место на немири помеѓу нарко-картелите.