Постигнувањето договор со Велика Британија за измените во договорот за Брегзит до крајот на неделава изгледа „се потешко”, изјави главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.
– Крајно време е добрите намери да се претворат во правен текст, рече Барние денеска во Луксембург пред состанокот со министрите за европски прашања на кој ќе ги информира за во преговорите.
– Постигнување договор сè уште е можно, но секој договор треба да му одговара на секого, рече тој.
Лондон и Брисел се обидуваат да постигнат договор до крајот на неделава, додека се ближи крајниот рок за заминување на Велика Британија од Унијата, кој моментално е е поставен на 31 октомври.
Ако Велика Британија замине без договор – Брегзит без договор – тоа би било „катастрофа”, рече денеска во Луксембург германскиот државен министер за Европа, Мајкл Рот.
Министрите од сите земји-членки на ЕУ, освен Велика Британија, денеска се очекува да разговараат за шансите за постигнување договор или да се договорат за продолжување на рокот за Брегзит.
Целото внимание сега е свртено кон самитот на лидерите на ЕУ кој почнува во четврток.
Но, каков било договор што ќе го склучат Лондон и Брисел, до крајот на месецот ќе треба да помине во британскиот и европските парламенти.
Друга потенцијална опција би била продолжување на рокот, иако британскиот премиер Борис Џонсон беше категоричен ќе се спротивстави на тоа.