Европската фудбалска унија, УЕФА, ја разгледува идејата финалето во Лигата на шампионите во 2020 година да не се игра во Истанбул, со што би се казнила Турците поради политичката ситуација во таа земја.
Сè поголем е бројот на оние кои сакаат од безбедносни причини да го сменат домаќинот на финалето, во момент кога турската војска врши воени операции против Курдите во северниот дел на Сирија.
Одлуката треба да се донесе во соработка со Извршниот одбор и претседателот на УЕФА. Инаку, освен за 2020, се знаат градовите во кои финалните натпревари на ЛШ треба да се играа и во 2021 (Санкт Петербург), 2022 (Минхен) и 2023 (Лондон).