Серхио Бускетс си заминува од Барселона на крајот од сезоната, а негова замена би можел да биде Марцело Брозовиќ.
Хрватскиот репрезентативен играч за врска и претходно беше баран од врвни клубови, но досега никој не успеа да му најде излезна стратегија од Интер, каде што настапува од 2015 година кога пристигна од Динамо Загреб.
Новиот обид го потпишува Барселона, барем ако им се верува на шпанскиот спортски дневник Марка и на новинарот Жерар Ромеро, кој е многу близок до каталонскиот клуб.
Овој пат не е класична финансиска понуда, туку Барса би менувала играчи. Во спротивна насока би го испратиле 26-годишниот играч за врска Франк Кесие, кој минатата сезона беше еден од клучните играчи во походот на Милан за шампионската титула.
Кесие не е среќен во Барселона, средниот ред е преполн со квалитетни играчи. Од друга страна, Кеси е сепак е повеќе „осумка“, додека Брозовиќ е класична „шестка“ и во овој поглед идеална замена за Бускетс.
Броз наводно е заинтересиран за оваа опција. Во Интер постигна 30 гола и 37 асистенции на 302 настапи, а лани ја продолжи верноста до летото 2026 година.
Наводно, играчот од средниот ред на Ватрени е малку презаситен во Интер и не би имал ништо против нов голем предизвик…
????????| FC Barcelona have been offered a player swap between Marcelo Brozović & Franck Kessié.@gerardromero [????️]
— Managing Barça (@ManagingBarca) January 13, 2023