Франција и Германија бараат турската офанзива во северна Сирија веднаш да запре, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон по француско-германскиот состанок на ниво на влади.
– Разговаравме за операцијата и побаравме таа да биде прекината, рече Макрон, истакнувајќи дека турската офанзива им помага на терористите на Исламската држава да ги вратат своите позиции.
Францускиот претседател го поддржа заедничкиот дипломатски притисок врз Турција да ја прекине офанзивата.
Тој смета дека од витално значење е ставот за ова прашање да биде усогласен со Русија и особено со Иран, што, како што вели, има важна улога во регионот.