Договорот за Брегзит меѓу Европската унија и британскиот премиер Борис Џонсон е „посебно дестуктивен” за Шкотска и треба да биде ставен на гласање пред шкотскиот народ, изјави лидерот на Шкотската националистичка партија Мајк Расел, пренесе ДПА. „Нема тука многу нешта, за да се тврди дека е одличен „Договор за Брегзит”, напиша Расел на Твитер, кој воедно е и секретар на шкотската Влада.
“Сите договори за Брегзит и штетат на Шкотска, а овој е посебно деструктивен”, напиша Расел, јави ДПА.
„Доколку преживее (во британскиот Парламент) во сабота, демократијата бара тој да биде ставен пред шкотскиот Парламент и народ. Веројатно и од двајцата ќе биде одбиен”, додаде тој.