Најмалку 218 цивили, меѓу кои и 18 деца, се убиени во турската офанзива во североисточна Сирија, соопшти денеска курдската администрација во регионот.
Во изјавата на здравствените претставници во курдската администрација се вели дека повеќе од 650 лица се повредени, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
На 9 октомври, Турција го објави почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија и започна воздушни напади врз позициите на курдските единици, по што уследи и копнена акција.