Голема американска база во северна Сирија била уништена во воздушен напад откако војниците се повлекоа, најверојатно за да спречат повеќе засрамувачки видеа од напуштениот објект откако ќе бидат преземен од силите на сириската влада, пренесува РТ.
Фабриката за цемент „Лафарг“ кај Кобане беше локацијата на заедничката американско-француска база која беше напуштена во средата како дел од повлекувањето наложено од американскиот претседател Доналд Трамп. Локални извори објавија дека објектот кај Хараб’Ашак бил бомбардиран набргу потоа.
Американски официјални претставници синоќа го потврдија нападот, велејќи дека тој претходно бил планиран и имал за цел да спречи коалицискиот оперативен центар да биде користен од надворешните сили. Нападот бил насочен кон преостаната муниција и возилата напуштени во базата.
Американските сојузнички курдски милиции кои ја контролираа областа од ослободувањето од Исламската држава претходно одбиваа повторно да се интегрираат во Сирија, поддржани од инсистирањето на Вашингтон за промена на режимот во Дамаск. Меѓутоа, по нападите на турските милитанти од северот тие постигнаа договор со сириската влада.