Излегувањето е закажано за утре во 13:50 часот по средноевропско време и би требало да трае нешто повеќе од пет часа, колку што се проценува дека е доволно за да се заврши работата.
Исклучиво женската посета на вселената требаше да се одржи во март, но мораше да се откаже бидејќи една од астронаутките немала добар вселенски костум, па на таа задача мораше да ја замени нејзин колега.
„Нашето постигнување е инспирација за студентите ширум светот. Покажува дека напорната работа може да ве однесе до големи височини и сите студенти треба да се гледаат себеси во такви достигнувања“, рече портпаролката на НАСА во најавата за женската прошетка.
Излегувањето на двете жени во вселената ќе се пренесува во живо на телевизијата и веб-страницата на НАСА.
Астронаутките Кристина Кох и Џесика Меир ќе ја заменат батеријата во која се складира електрична енергија од соларните панели, за МВС да има електрична енергија дури и кога не е изложена на директна сончева светлина.
Кох би требало да стане рекордерка за жена која најдолго време ќе мине во вселената, бидејќи нејзиниот престој во орбитата се очекува да биде до февруари следната година.
Кох веќе била во вселената, односо утрешното излегување ќе биде четврта нејзина прошетка, а на партнерката Меир и е прва.