Одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции се темите за кои како итни за расправа заложи денеска претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли.
-Во мојот прв говор пред Европскиот совет како претседател на Европскиот парламент ја нагласив итноста од отворање на прашањата поврзани со климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции и отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија, напиша Сасоли на својот налог на Твитер.
Претседателот на Европскиот парламент денеска на прес-конференцијата по учеството во Европскиот совет изјави дека на дневен ред се постигнатиот договор за Брегзит, проблемите на сириската граница и турската офанзива како и прашањето за отпочнување на преговори на Северна Македонија и Албанија.
-Ние знеме дека за ова има одредени различни позиции. Нашата позиција е дека треба да дозволиме старт на преговори. Ние чуствуваме дека ако ЕУ бара да се направат жртвувања и промени и ако тие жртвувања се имплементираат, тогаш ние треба да си стоиме на зборот и на ветувањата, нагласи Сасоли.
Тој потенцира дека ставот на ЕП е дека процесот на проширување треба да продолжи и дека преговорите со двете земји треба да почнат.
-Ова се две земји од кои се бараше да ја сменат регулативата, да го сменат Уставот и јас мислам дека треба да им кажеме да, рече Сасоли.