Ајакс мина најлошо пред дисциплинците на УЕФА

Дисциплинската комисија на УЕФА казни 9 екипи поради недоличното однесување и дивеење на нивните навивачи за време на натпреварите од Лигата и шампионите и Лига Европа. Најлошо мина холандскиот Ајакс кој ќе мора да плати 68.000 евра и нема да може да им продава вленици на своите навивачи за наредното гостување. Казната им е одмерена за предизвиканите нереди и фралњето на предмети на теренот на натпреварот со Валенсија.

Славија од Прага ќе има попразна клупска каса за 26.000 евра поради зафатените скалила на трибините од старна на навивачите за време на дуелот со Борусија Дортмунд, која пак ќе мора да одвои 29.875 евра поради употребата на пиротехника оа своите навивачи.

Хрватскиот Динамо Загреб ќе има полсена клупска каса за 20.000 поради дивеењето на своите  навивачи на гостувањето кај Манчестер сити. Покрај оваа парична казна двете екипи добија рок да се договорат околу испатата за направената штета на стадионот од старна на навивачите.

Шкотски Селтик ќе плати 12.000 евра,  европскиот првак Ливерпуп 10.000, додека пак Салцбург 3.250 евра поради употребата на пиротехника на нивните навивачи.

Португалската Викторија Гимараеш ќе треба да одвои 50.000 евра поради пиротехничкото шоу на навивачите, додека пак германскиот Ајнтрахт Франкфурт мина без парична глоба, но доби забрана да им обезбедува влезници на своите навивачи за наредните две гостувања.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави