Интегрален текст од изјава за медиуми на Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за локалната управа во Свети Николе.
„Поминаа две години од стапувањето на должност на градоначалникот Сашо Велковски и локалната власт предводена од СДСМ. Од предизборниот период со нивната програма ветуваа реализација на различни проекти само и само за да ја добијат власта.
Поминаа две години, а од реализацијата на ветените проекти нема ништо.
Почитувани граѓани,
Да ве потсетиме на ветените проекти:
-проширување на капацитетите на градинката преку изградба на ново крило како и нови градинки во селата Ерџелија,Горобинци- ветено нереализирано
-изградба на нова балон сала кај средното општинско училиште „Кочо Рацин„ како и реконструкција на соблекувалните во салата „Цар Самули„-ветено нереализирано
-изградба на градски базен, направен е само предлог план-ветено нереализирно
-изградба на нов пензионерски дом, реконструкција на постоечкиот, реконструкција и обнова на старските домови во селото Црнилиште, Горобинци Мустафино и Ерџелија- ветено нереализирано
-бесплатен летен одмор во одмаралиштето во Дојран за социјално загрозените деца од такви семејства како и за пензионерите со ниски примања-ветено нереализирано
– гасификации,прво во јавните установи, а потоа и во стопанствата и во домаќинствата-ветено нереализирано
-континуирана промена на азбесните цевки –ветено нереализирано
-реконструкција на речното корито низ градот-ветено нереализирано
-нови и современе противпожарни возила, нов возен парк како и современа опрема-ветено нереализирано
-изградба на нови детски игралишта низ градот и по селата-ветено нереализирано
-изградба на младински културен центар –ветено нереазлизирано
-изградба на монтажни паркинг места за периодот 2018, 2019 година –ветено нереазлизирано
-изградба на нов мост кај местото викано “Отпад“ и уште којзнае колку прокети коишто беа ветени, а нереализирани.
Почитувани сограѓани,
Набројаните проекти се со период на реализација 2018-2020 година, но оваа локална власт нема започнато ниту со планирање, а камоли со реазлиација на истите. Единствено на што се посветени е полнење на општинската администрација и јавните претпријатија со партиски кадри.
Но, се гледа крајот од нивното владеење и нивните шарени лаги ќе бидат заменети со реални проекти од обновата на Македонија. Започната е обновата за Македонија кога прво ќе се рефлектира на централно ниво со организирање на предвремени парламентарни избори, а потоа и локалните на кои ќе дојдат чесни, стручни и одговорни луѓе кои ќе извршат обновата во Република Македонија и во нашата општина.“