Најмалку што Еропската унија му должи на регионот е да биде директна со нас. Ако повеќе не постои консензус за европската иднина за Западен Балкан, ако ветувањето дадено во Солун 2003 веќе не важи тогаш граѓаните заслужуваат да знаат, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот твитер акаунт откако Самитот на лидерите на ЕУ не успеа да постигне договор за проширувањето на унијата.
Тој им се заблагодари на европските лидери кои, како што вели, тешко се бореле за почеток на преговори за С. Македонија со што го признале историскиот Договор од Преспа, ги охрабриле внатрешните реформи и го зацврстиле европскиот наратив во земјата која 14 години го има кандидатскиот статус.
„Додека очекуваме обновување на консензусот мораме да продолжиме со одбрана на вистинските европски вредности дома“ – напиша Димитров.



