Лазаров: Болно е што загубивме со 12 голови разлика, но нашата цел останува – две победи во групата

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кире Лазаров призна дека дуелот против Норвешка кој „црвено-жолтите“ го загубија со 12 голови разлика (39:27) на стартот од 28. Светско првенство било невозможна мисија да се приреди изненадување. Убедливиот пораз треба да им биде лекција за претстојните два дуелим во гртупоата Ф со Холандија в недела и со Аргентина во вторник.

По натпреварот, Лазаров рече дека направивме премногу грешки во нападот и дека лесно го губевме тоа што макотрпно го креиравме. И покрај овој висок пораз, целта на Македонија останува иста – победи победи против Холандија и Аргентина и пласман во втората фаза од Мундијалот.

-Норвешка заслужи да победи, беа подобри од нас. Невозможна мисија е 60 минути да играме со нив како што игравме во првите 20 минути. Норвешка сепак е меѓу четирите најдобри на светот според мене. Ние имавме многу технички грешки, дури 17, што значи 17 контри за нив. Бевме добри 20 минути, но имавме проблеми не само во одбраната туку и во нападот. Не успевавме да ја пробиеме таа нивна зона 6-0. Во второто полувреме се обидовме малку да ги изненадиме со 7 на 6, бевме подготвени за таа варијанта, но потоа за пет минути отиде сѐ. Секако дека боли што е 12 разлика. Можеше да биде и 10 и седум и шест, но тоа е што е. Овој пораз мора да ни биде една лекција за Холандија и за Аргентина. Имаме уште два натпревари и ќе се фокусираме на нашата цел, а тоа е победи над двете, истакна Лазаров.

Треба да знаете
Последни објави