Во морскиот дел јужно од Отрадо во Италија бил лоциран чамец со мигранти, по кој во текот на ноќта трагаше грчката крајбрежна служба, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според истите информации, еден од мигрантите синоќа, преку европскиот број за итни случаи 112, побарал помош и веднаш била мобилизирана грчката крајбрежна служба заедно со брод и хеликоптер на Фронтекс за нивно пронаоѓање во близина на островот Крф, јави дописничката на МИА од Атина.
Во чамецот имало околу 40 мигранти, а веројатно кон Италија се упатиле од западниот дел на Грција.