Екипата на Веспрем денеска го совлада Вардар во мечот од 5. коло од Лигата на шампионите со 39:30. Ова дојде како реванш за поразот во финалето од Лигата на шампионите пред некој месец во Келн.
Тренерот на Веспрем, Давид Дејвис беше многу задоволен од победата и настапот на неговите ракометари против Вардар. Задоволството го изрази пред новинарите на прес-конференцијата по завршувањето на дуелот.
-Игравме против двократниот Европски првак и многу сум среќен за победата. Им благодарам на навивачите за поддршката. Ракометарите беа фокусирани и ги исполнија задачите, а натпреварот не беше лесен. Вардар не се предаваше во ниту еден момнент сè до крајот. Среќен сум за победата и за тоа како ја остваривме, изјави Дејвис.
Со оваа победа Веспрем се израмни со Вардар со по шест бодови исто колку што има и Монпелје, а се наоѓаат веднаш зад Кил кој е лидер на табелата во Групата Б.