Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагира на соопштението на американскиот Стејт департмент, во кое изразува разочарување од неодобрувањето старт на преговори за членство во Европска унија на Македонија и на Албанија.
-Па, добро. Може да се разбере дека американските дипломати го помешале Архангелск со Северодвинск. Странска земја, немале карта. Но, со кој свој дел Соединетите Американски Држави се граничат со Северна Македонија и со Албанија за да лобираат за нивна интеграција во унија на друг континент, тоа Стејт департментот е должен да го знае. Разбирам дека по излегувањето од ЕУ на Велика Британија треба да се пополни дупката, но Брисел сам треба да сфати што го чека од стапувањето на овие земји во редовите на ЕУ, објави Захарова на својот профил на Фејсбук.
https://www.facebook.com/maria.zakharova.167/posts/10220908291446733