Бора Чорба тешко болен

Познатиот српски рокер, Бора Ѓорѓевиќ. фронтменот на „Рибља чорба“ е тешко болен, па поради канцер на простата морал да ги откаже сите настапи.

Популарниот Бора Чорба се одлучил да престане со работните обврски за да максимално се посвети на лекувањето на болеста.

Сепак, според познаниците, тој неодамна сфатил дека е болен, а итно му се потребни пари за лекување.

Единствено решение е операција. Најважно од се е дека Бора одлучи да се лекува па сите се надеваме дека набргу ќе го победи и ова, рекол познаникот за „Свет“

 

Треба да знаете
Последни објави