Полицијата во Пожаревац го расветли убиството на Ружица Ковач (78) која беше прегазена додека се возела на велосиед пред пет дена, но снимките од надзорните камери покажале дека таа била намерно удрена.
Уапсени се Саша С. (47) и неговиот син Даниел (21), како и Александар Ѓ. (22) на кого му ветиле 400 евра и користен автомобил како надомест за убиството на Ковач .
Судија на Вишиот суд во Пожаревац му одреди едномесечен притвор на убиецот, кој се товари за тешко убиство, а притвор од 30 дена добиле и нарачателите кои ќе одговараат за поттикнување и помагање. Тројцата се соочуваат со казна од 10 до 40 години затвор.
Засега непобитно е откриено дека Александар со десната страна на „Застава 101“, удрил во велосипедот со кој Ружица се возела кон својот дом, а потоа побегнал. Полицијата првично сметала дека станува збор за несреќа, но надзорните камери покажале дека Александар намерно удрил во велосипедот.
Од истрагата е утврдено дека Саша С. и неговиот син со мобилен телефон му сигнализирале на Александар дека старицата е на патот, по што тој тргнал по неа. Прво ја заобиколил за да се увери дека е таа, а потоа се вратил и ја следела повторно, за да на крај ја удри. По убиството избегал во Михајловац, а по него дошле Даниел и неговиот татко. Заедно купиле бензин и ја запалиле „заставата“, а потоа сите се вратиле во Пожаревац.
Според неофицијалните информации, договорот бил таткото и синот подоцна да му платат на Александар 400 евра и нивниот автомобил. Тие го охрабриле да ја убие Ружива бидејќи бабата сакала да ги истера од нејзината куѓа, за која тврдат дека ѝ платиле 10.000 евра, но таа да може да остане во неа цел живот. Ќе биде извршено и психијатриско стручно испитување на Александар Ѓ., за кого се претпоставува дека е лице со посебни потреби.