Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во северна Сирија, ако САД не ги исполнат своите обврски.
Обврска на САД е да влијаат на повлекувањето на курдските сили од турско-сириската граница.
„Во овој момент ја прекинавме операцијата на пет дена. За тоа време терористите мораат да бидат повлечени од безбедносната зона и треба да го предадат тешкото вооружување. Мораат да бидат уништени нивните позиции. Ако тоа не се случи, операцијата ќе биде обновена. Нашата војска е целосно подготвена за тоа“ рекол Акар.
Турскиот претседател Ердоган и потпретседател на САД Мајк Пенс се договорија турската офанзива во Сирија да биде прекината на пет дена поради повлекување на курдските сили од границата со Турсија. Пенс соопшти дека договорот подразбира повлекување на курдските сили и дека САД ќе допринесат во тој просец. Тој истакна дека американската војска нема да се врати во оваа област.