На 19.10.2019 година во 15.00 часот на Граничен премин „Богородица“, од слобода бил лишен М.М(26) од Република Албанија. При преглед на автомобилот „мерцедес Е270“, упрвуван од М.М. и со албански национални ознаки, во специјално направен бункер службеници на Царинската управа пронашле 13 пакувања марихуана, со вкупна тежина од 11 кг.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.