На 20.10.2019 во 01.10 часот во СВР Скопје, К.С.(45) од Скопје пријавил дека на 19.10.2019 околу 19.30 часот на улицата Алекса Демниевски поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат.
Во нападот учествувале М.Н., заедно со уште неколку лица, кои го оштетиле и неговото патничко моторно возило. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.