Славниот холивудски актер Силвестер Сталоне на Instagram објави фотографија од трите ќерки Скарлет, Систин и Софија, со интересен коментар.

Сталоне изгледа одлично во друштво на неговите прекрасни ќерки. Фотографијата веќе има скоро милион лајкови и комплименти за актерот кој се гордее со неговите деца.

Неколку часа подоцна гордиот татко објави уште една фотографија на која позира додека чита весник, а на насловната страница е текст за неговите ќерки.
„Се прашувам каде ми се ќерките, не можам да ги пронајдам“, повторно се пошегува тој.
Преземено од Кајгана