Парма во натпреварот од 8. коло во италјанската фудбалска Серија А ја декласираше Џенова (5:1) која со капитенската лента на овој меч ја предводеше македонскиот репрезенативен лидер Горан Пандев. По новит резил за тимот на Џенова, искусниот интеранционалец Пандев порача дека мораат да им се извинат на своите навивачи.
-Не знам што се случи. Не е добро кога ќе се изгуби на ваков начин. Ќе им се извиниме на навивачите. Не разбирам зошто ова ни се случи, работевме напорно и се подготвуваме за овој меч. Веројатно немаме самодоверба, рече Пандев.
За поразот Пандев смета дека виновни се сите играчи, а не само оние од одбраната.
-Не може да се обвини одбраната. Боли кога ќе се загуби на ваков начин. Да постигневме гол по добриот почеток, можеби ќе се свртеше играта на наша старана, додаде Пандев.
Во листата на стрелците кај Парма се запиша и шведскиот фудбалер со македонско потекло, поранешен У-16 репрезентативец на Македонија, 19-годишниот Дејан Кулушевски, кој имаше и две асистенции. Кулушевски има настапи за У-21 репрезентацијата на Шведска, но уште не е повикан во сениорската репрезентација на оваа земја. Македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме неодамна потврди дека Кулушевски не ја прифатил неговата покана да го облече сениорскиот дрес на „црвено-жолтите“.