Изборната реформа ќе биде усвоена во текот на оваа година, со или без соработка на вонпарламентарната опозицијата.
Ова го најави албанскиот премиер Еди Рама на новинарско прашање, додавајќи при тоа дека тоа ќе се направи со сите кои тоа го сакаат.
-Реформата ќе ја направиме заедно со сите оние кои сакаат да учествуваат во процесот и ќе ја изгласаме. Во комисијата за изборни реформи, има претставници од опозицијата, но и едно празно столче за нашите пријатели од вонпарламентарната опозицијата. Нивно право е да седнат или не на тоа столче, но нема да чекаме и во текот на оваа година ќе донесеме изборни реформи, како што препораките на ОБСЕ / ОДИХР, рече Рама.
Од друга страна, обединетата опозиција веќе го кажа својот јасен став дека не ја признава парламентарната комисија за изборни реформи „се додека во неа има поединци кои требаше да бидат осудени за изборен криминал”.
Опозицијата, исто така, објави список на услови што владата мора да ги исполни пред опозицијата да може да се приклучи на средбите за изборни реформи. Таа уште со најава дека ќе продолжи со „националните протести” кои ги прекина „за да не го попречува процесот за отворање преговори со ЕУ”.