Јапонскиот цар Нарухито денеска официјално ќе биде крунисан, а на традиционалната церемонија ќе присуствуваат околу 2.600 луѓе и владини претставници од 170 држави. Царот Нарухито (59) го презеде тронот на 1 мај од неговиот татко Нарухито го наследи својот татко, 85-годишниот Акихито, кој абдицираше од тронот поради својата возраст и нарушено здравје. Тој беше прв јапонски император кој абдицирал во последните 200 години. Јапонскиот цар Акихито и царицата Мичико драматично ја модернизираа монархијата и значително ја зголемија популарноста на династијата. Акихито ја прекина традицијата речиси во сè, од венчавка со својата љубов која не е благородничка, до извинување за јапонските воени злосторства. Јапонската Влада издвои околу 16,1 милијарди јени (148 милиони долари) за церемониите поврзани со наследување на тронот што ќе се одвиваат цела година.