Возбудувањата во елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите продолжуваат вечерва со осум натпревари од 3. коло во првите четири групи (од А до Д). Рекордерот со освоени 13. титули во елитното натпреварување шпанскиот Реал Мадрид по разочарувачкиот старт, без триумф во првите две кола на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај ќе има голем императив да остане непоразен или да се врати со три бода за да остана во игра во трката за нокаут-фазата. „Кралевите“ се без победа, на последното место во групата А, со само еден бод. Избраниците на тренерот Зинедин Зидан имаа неуспешна увертира за овој дуел во шпанската Примера, загубија на гостувањето кај Мајорка(1:0). Ако Реал загуби, осминафиналето ќе му остане далеку и не е исклучена можноста Зинедин Зидан да биде сменет од тренерската функција.
Во слична ситуација се наоѓа и турскиот Галатасарај. Има само еден бод и доколку сака да се надева на место кое носи продолжен престој во елитното натпреварување мора да собира бодови. Францускиот ПСЖ во оваа група има две победи и гостува кај белгискиот Бриж, кој е со само еден бод. Со трет тириумф „светците“ ќе направат уште еден чекор до обезбедувањето на лидерската позиција во групата.
Во групата Б, Тотенхем ја пречекува Црвена звезда. Лондонските „петли“ имаат само еден бод, и мора да победат против гостите кои имаат три, за да го претркаат Олимпијакос кој нема многу шанси на гостувањето кај Баерн Минхен кој е како ранет лав после ремито со Аугзбург. Финалистото од последното издание на ЛШ, Тотенхем е под силен притисок, посебно тренерот Маурисио Почетино, кој доколку неуспее да ја победи Црвена звезда свесен е дека може да добие отказ. Аргентинскиот стратег е свесен што значи овој меч за него и признава дека старвува оти ако не победи отказот ќе биде реалност.
Англискиот шампион Манчестер сити ја пречекува италјанската Аталаната во групата Ц. „Граѓаните“ се лидери со шест бодови, Аталанта е последнопласирана без бод. Избраниците на шпанскиот стартег Пеп Гвардиола на последните пет натпреаври на свој терен во европските обврски има пет триумфи. Аталанта тешко дека ќе им застане на победничкиот пат.
Во истата група украинскиот Шахтјор и хрватскиот Динамо Загреб меѓусебниот дуел го дочекуваат со по три освоени бода токму од дуелите со италјанската Аталанта. Победникот од оваа пресметка ќе биде поблиску до место кое води во осминафиналето.
Атлетико Мадрид и Јувентус со победи ќе се одлепат на првите две места во групата Д, и во преостанатите две кола ќе водат мртва трка за првата позиција. Атлетико Мадрид кој на свој терен не е поразен во 11 европски натпреаври, вечерва го дочекува Баер од Леверкузен кој пак во првите две кола остана со празни раце и ќе сака да се вади на овој меч.
ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРАШНИТЕ МЕЧЕВИ ОД 3. КОЛО ВО ЛШ:
ГРУПА А: Галатасарај – Реал (21 ч.), Бриж – ПСЖ (21 ч.)
ГРУПА Б: Тотенхем – Црвена звезда (21 ч.), Олимпијакос – Баерн (21 ч.)
ГРУПА Ц: Манчестер сити – Аталанта (21 ч.), Шахтјор – Динамо з. (18.55 ч.)
ГРУПА Д: Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (18.55 ч.), Јувентус – Локомотив Москва (21 ч.)