Во Задар осамна дегутантен графит со кој се повикува на колење на Србите и хранење на мачките со нивните органи,пренесува „Задар њуз“.
„Откако Задар во последните 365 дена стана топ-тема на локалните, националните, а од денес и светските медиуми поради насилството, расизмот и национализмот, а за срам на сите нас во Били Брег, некој го напишал можеби најдегутантниот графит на сите времиња, пишува хрватскиот портал.
„Заколи го Србинот и извади му ги органите јзашто мачките во квартот се гладни“, веќе неколку дена стои напишано на ѕидот на една зграда.
„Локалната власт, конкретно комуналната служба на Град Задар, очигледно не го смета за според овој графит покрај кој секојдневно поминуваат децата кога одат на училиште,“ вели еден жител на задарски Били Бриг за порталот.
Инаку, во понеделникот беше објавено дека двајца геј афроамерикански војници биле бруталбо претепани во Задар во саботата во клубот „Опера“ откако почнале да танцуваат пред насобраните гости.