Рускиот претседател Владимир Путин му рече на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека ситуацијата во Сирија е критична и истакна дека токму затоа разговорите со него се многу важни.
„Ситуацијата во регионот е многу критична, тоа го разбираме. Мислам дека нашата средба денес и консултациите се особено изискувачки“, рече Путин на почетокот на разговорите во Сочи, пренесува ТАСС.
Во исто време, тој изрази надеж дека нивото на турско-руските односи ќе овозможи одговори на сложените прашања за решавање на сириската криза и во интерес на Русија и во интерес на Турција.