Македонската А репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во Катар после поразот (2:0) од Португалија во баражот.
Во полуфиналето од плеј-офот избраниците на селекторот Благоја Милевски во Палермо го совладаа актуелниот европски шампион Италија со резултат 0:1.
Токму тој триумф ни донесе скок од пет места на новата ФИФА ранг-листа која е денеска објавена.
Во февруари бевме на 67 место, а сега сме на 62 позиција со 1381 поен, веднаш пред Исланд, а зад Панама. Следните дуели нашата сениорска селекција ќе ги има во јуни во рамките од УЕФА Лигата на нации, Лига „Ц“.
Имаме нов лидер на ФИФА ранг-листата, тоа е Бразил, пред Белгија, а третопласирана е Франција.
ФИФА ранг-листа
Топ 10 –
1. Бразил 1832,69 поени
2. Белгија 1827
3. Франција 1789,85
4. Аргентина 1765,13
5. Англија 1761,71
6. Италија 1723
7. Шпанија 1709,78
8. Португалија 1674,78
9. Мексико 1658,82
10.Холандија 1658,66