Младиот фудбалер на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко се најде во центарот на вниманието околу неговите години. Мукоко е роден во Камерун, а во Германија пристигна во 2014 година, меѓутоа минатата недела се појавила вест дека се лажирале неговите години.
Ѕвездата на „милионерите“, наводно, била родена во 2000 година, а не во 2004, како што било запишано во документите.
Лицето кое го посвоило во 2014 година на еден новинар му кажало дека Мукоко е роден во 2000 година, иако засега нема официјална потврда за такво нешто, па поради тоа почна истрага за целиот случј.