Милевски од наредната сезона ќе ја предводи Црвена Звезда?

Сензационалната најава која српските медиуми ја пласираа пред неколку дена дека македонскиот селектор, Благоја Милевски, би можел да седне на клупата на Црвена звезда уште следната есен, донесе низа написи во северното соседство, по што дојде реакција и од предводникот на жолто-црвените.

Тој, за српски „Максбет“, изјави дека црвено-белите му се во срцето, но дека засега нема ништо од евентуален трансфер.

„Јас сум звездаш во срцето, во тој клуб минав пет години и сѐ е отворено кога станува збор за Ц. Звезда. Досега сум немал никакви разговори, но црвено-белите се мој клуб така да ништо нема да биде изненадувачки“, изјави Милевски.

Македонскиот селектор е роден во Скопје, но Ц. Звезда е негов прв сениорски клуб за кој почнал да настапува во 1991 година, но откако не доби вистинска шанса се пресели во Грција каде што има играно за Ираклис и Трикала.

Треба да знаете
Последни објави