Американскиот министер за одбрана Марк Еспер пристигна во ненајавена посета на Багдад и треба да оствари средба со ирачкиот премиер и со својот ирачки колега.
Се очекува на средбата со премиерот Адел Абд ал Махди да се разговара за намалувањето на бројот на американски војници во Сирија и „каква улога ќе има тоа за Ирак”.
Претходно Еспер истакна дека околу илјада американски војници, кои се повлекуваат од северниот дел на Сирија, ќе пристигнат во западен Ирак.
Заедничката команда на ирачките вооружени сили денеска соопшти дека американските војници, кои се повлечени од Сирија, треба да ја напуштат територијата на Ирак бидејќи им е дозволен само транзит.