Компјутерското програмирање најплатено во Македонија

Според последните информации на Заводото за статистика просечната плата во август 2019 година е зголемена за 3,8 проценти и сега изнесува 25.127 денари, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2019 година изнесува 37.322 денари.

-Растот на прoсечената плата се должи на стабилната економија, но и на растот на минималната плата, која за нешто повеќе од две години повисока е за 5.500 денари – рече Костадинов.

Според податоците на Државниот завод за статистика највисоките исплатени просечни плати во август со 63.870 денари се во компјутерско програмирање. Следуваат: областа во информации и комуникација со просечна исплата од 46.384 денари, секторот за производство на основни фармацевтски производи и препарати со 44.362 денари, финансиско услужните дејности  со 43.023 денари и воздухопловниот транспорт со 41.033 денари…

Треба да знаете
Последни објави