Пред седиштето на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) во Женева се запали маж. Портпаролката на високиот комесар за бегалци, Лиз Тросел изјави дека веднаш пристигнале медицинските служби кои го згрижиле мажот.
Како што рече, засега не е познат неговиот идентитет, ниту националноста, пренесе „Ројтерс“.
Мажот го преживеал инцидентот.