Албанската полиција разоткри иранска терористичка ќелија, која подготвувала терористички акт во Албанија, на празник на бекташката верска заедница Султан Невруз.
Генералниот директор на полицијата, Арди Велиу на прес-конференција ги објави и имињата на иранските терористи, чија мета била Албанија и дека „главата” на ова ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како пејман.
Пејман, за кого не се наведуваат други податоци бил постојан жител на Иран и од „дистанца раководел со оперативци во Албанија и во други земји на Централна и Западна Европа”.
– Меѓу другото, тој го иницирал и го спровел последниот обид за напад во март 2018 година. Пејман менаџира многу оперативци, некои за собирање на информации и другите за извршување на терористички напади. Еден од оперативците е Ерван Арам (45) познат како Алиреза Нагхашзадех испратен во Албанија за прбирање информации, додека другиот оперативец е Абдолхалегх Малек Задех (40), познат како Ферхат, кој раководел со оперативната ќелија, истакна Велиу.
Посочи дека од истрагата полицијата утврдила дека водачот на ќелијата работел во последните две години со босот на турската мафија, Абдулселам Тургут (52), позната фигура на организираниот криминал и на планирање на терористички напади.
Велиу додаде дека албанските безбедносни институции постојано работат на запирање на вакви напади.