Сензационален пораз на Македонија У21 од Фарски Острови

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги разочара навивачите, со пораз на домашен терен од Фарски Острови У21 (0-1) во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2023 година ќе се игра во Романија и Грузија.

Поради можноста Украина да го напушти квалификацискиот циклус, постојат шанси третиот тим во групата да игра бараж. Ако пред овој меч нашиот национален тим имаше некакви шанси, сега тие драстично се намалени на минимум затоа што вторпат во овој циклус не се победи ривалот кој важеше за аутсајдер и најслаборангиран во групата и Србија У21 е во огромна предност. Сепак, Фарски Острови покажува резултати за почит, затоа што претходно одигра нерешени и со Франција и со Србија.

На стартот на вториот дел, студен туш за Македонија. Фарски Острови дојде до предност со првиот гол на Радосављевиќ во овие квалификации, од пенал кој претходно го направи голманот Денковски.

До крајот на квалификацискиот циклус Македонија У21 ја чекаат уште две средби. Тоа се на гостински терен кај Украина и на домашен терен со Ерменија. Нашиот национален тим е петти на табелата со шест бода, а Фарски Острови со оваа победа ја прескокна Македонија на табелата и се четврти со девет бода.

Треба да знаете
Последни објави