Фудбалската репрезентација на Данска убедливо победи во пријателската средба против Србија (3-0), која се одигра на стадионот во Копенхаген на кој лани, за време на ЕУРО 2020 за малку животот ќе го загубеше Кристијан Ериксен, со оглед што колабира среде меч.
Фудбалерот ја победи смртта, па дури и се врати на фудбалскиот терен, а тоа да биде вистинска бајка со среќен крај се погрижи самиот тој со третиот гол за својата селекција постигнат во 57. минута.
Ова е втор погодок за повратникот во националниот тим, откако беше стрелец на неодамнешното гостување кај Холандија (2-4).
Хрватска фудбалска репрезентација успеа на пријателскиот натпревар одигран во Доха (Катар) да триумфира против Бугарија со 2:1 (0:0). Бугарите кои се едни од нашите ривали во следната Лига на нации дојдоа во водство во 69 минута со голот Десподов.
Следуваат по еден црвен картон на двете страни, кај Хрватите Чалета-Цар, а Десподов во бугарската селекција.
Модриќ во 76 минута од пенал израмни на 1:1, а четири минути подоцна пресвртот го комплетираше Крамариќ.
Бугарија е првиот противник на Македонија во „Лигата Ц“ на 2 јуни, меч кој ќе се одигра во Разград, а на 9 јуни во Скопје е возвратната пресметка.