Македонија вечерва во Порто ќе се обиде за првпат да обезбеди место на Светските фудбалски првенства, турнири на кои Португалија има седум учества. Во најавите на натпреварот преовладуваат напаѓачките квалитети на португалските фудбалери, но и дефанзивните на македонските.
Тоа, се чини, му е совршено јасно на португалскиот селектор Фернандо Сантош, но и на најголема ѕвезда во неговиот тим, Кристијано Роналдо. Токму таков ривал имаа можност да погледнат во подготовките за меч во кои несомнено е анализирано изданието на „црвено-жолтите“ во Палермо.
Велат „свесни сме дека имаме работа со тим кој знае да се брани“, меѓутоа тој тим знае и да „удри“ кога ривалот најмалку очекува и посакува. Го почувствуваа тоа на своја кожа Италијанците во четвртокот, успех на кој, според селекторот Милевски, „нема да се застане“.
„Ја елиминиравме една од најдобрите светски репрезентации, Италија, но нема да застанеме тука. Пред нас е само уште еден чекор до Светското првенство. Ако можевме во четвртокот, верувам дека можеме и денеска. На добар пат сме да потврдиме дека залудно сме меѓу најдобрите 20 национални тимови во Европа“, порачува Милевски од Порто.