Судот во Бангладеш денеска осуди 16 лица на смртна казна поради убиство на 19-годишна девојка. Таа беше жива запалена откако пријавила сексуално вознемирување.
Судењето во дистриктот Фени, југоисточен Бангладеш, траеше од јуни, а помеѓу осудените се и учителот на убиената девојка и тројца нејзини другари од медресата.