Примарната цел на Русија е да ја спречи евро-атлантската интеграција во регионот, да го држи поделен, слаба и зависен од политичката поддршка на Москва, рече американскиот заменик помошник државен секретар на САД, Метју Палмер.
„Русија сака да го спречи договорот меѓу Србија и Косово, Босна и Херцеговина да стане функционална држава, патот на Црна Гора и Северна Македонија кон НАТО“, рече Палмер пред Поткомитетот на Сенатот за Европа и регионалната безбедност.
Според него, непризнавањето на статусот на Косово од Србија е најголемиот адут којшто Москва го има во ракавот кога станува збор за Србија.
„Интересите на Кина во Западен Балкан се покомерцијални“, рече Палмер.Тој, исто така, ја гледа Турција како значаен играч на Балканот, за која вели дека го гледа регионот како „свој двор“.