Халанд е новиот фудбалски гол-мајстор за кој ќе се „тепаат“ гигантите

Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд е новиот фудбалски гол-мајстор. Корпулентното момче кое има само 19-години, Халанд постигна два гола за австрискиот РБ Салцбург во поразот од Наполи (2:3) во натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите. Вкупно, на почетокот од сезонава на сите досегашни 13 натпревари кои ги одиграл има постигнато неверојатни 20 гола !

Дека станува збор за ново фудбалско чудо, синот на поранешниот играч на Лидс и Манчестер сити, Алф-Инге Халанд, најави на светското првенство за фудбалери  до 20 години, поставувајќи невообичаен рекорд од девет постиганти гола на еден меч. На дуелот помегу Норвешка и Хондурас, Халанд деветпати се запиша во листата на стрелците во победата на неговата репрезентација од 12-0. Досегашниот рекорд го држеше бразилскиот репрезентативец Адаилтон кој постугнал 6 голови на еден натпревар.

Халанд има постигнато шест гола во Лигата на шампионите против тимови како Ливерпул, Наполи и Генк, со што е првиот фудбалер во историјата кој во своите први три меча од ЛШ има ваков скор.  Норвежанецот во моментов има постигнато повеќе голови од докажаните фудбалски мајстори мајстори заедно: Мбапе (три), Меси (еден) и Роналдо (еден) заедно. Халанд самиот има постигнато повеќе погодоци во ЛШ од тимовите на  Атлетико Мадрид (пет), Интер (четири), Челси (три), Реал Мадрид (два)…

Норвежанецот проистигна во Салцбург од Молде за само 4.5 милиони фунти во 2018 година, а сега е меѓу 20. номинирани за наградата „Златно момче“.  За Молде одигра 50 натпревари и постигна 20 гола. Според блескавиот почеток Халанд ќе биде новиот гол-мајстор за кого ќе се „тепаат“ фудбалските гиганти. За неговите услуги веќе се заинтересирани повеќе англиски премиерлигаши.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави