Полицаец од Ново Мексико се повлече од должноста откако беше снимен како употребува прекумерна сила при совладување на 11-годишно девојче, кое наводно земало премногу млеко од училишната кантина, пренесе хрватски „Индекс“.
Од полициската станица Фармингтон во неделата соопштија дека полицаецот Захари Кристенсен се повлекол од должноста откако била покрената внатрешна истрага за употреба на прекумерна сила за време на инцидентот кој се случил на 27 август во училиштето Меса Вју.
На снимките од камерата која е стандардна опрема за полицајците, се гледа како полицаецот по вербалната расправија меѓу девојчето и директорот, на сила го зема нејзиниот ранец и набрзо потоа ја фрла на подот за да и стави лисици на рацете, пренесува „Дејли Меил“.
Началникот на полициската станица Фармингтон, Стивен Хеби, изјави дека однесувањето на службеникот не е во согласност со стандардите на одделот и истакна дека нема оправдување за ваков вид однесување.
Кристенсен наводно рекол дека се обидел да го уапси девојчето затоа што отишло директно во кантината, зела повеќе млеко отколку што требало и го истурила на подот.
Неидентификуваната ученичка добила потрес на мозокот и повреди на рацете и на рамената.
„Не може да го навредуваш директорот. Доста ми е од тоа. Готова си“, вели Кристенсен во видеото. Потоа, 11-годишната ученичка ја фрла на подот, а таа плаче и вели дека полицаецот и нанесува болка.