Казни за деветмина кои возеле пијани

Во текот на изминатите денови (22 и 23.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 44 возачи од кои: девет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 34 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач-почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 28 возила бидејќи биле  нерегистрирани. Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 74 мандатни платни налози и 58 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави