Сменети саудиските министри за надворешни работи и за транспорт

Саудискиот министер за надворешни работи Ибрахим Ал Ашаф и министерот за транспорт Набил бин Мохамед Ал Амуди се сменети со кралска одлука. Саудиската новинска агенција СПА објави дека на должноста министер за надворешни работи е именуван Фаисал бин Ферхан бин Абдулах Ал Сауд, а за нов министер за транспорт Салих бин Насир Ал-Јашир.

Фаисал бин Ферхан од февруари годинава беше амбасадор во Берлин, претходно ја извршуваше функцијата главен советник во саудиската амбасада во Вашингтон, а беше и советник во Канцеларијата на престолонаследникот до именувањето за советник во Министерството за надворешни работи.

Ал-Јашир ја извршуваше функцијата генерален директор на саудиската авиокомпанија „Саудија”.

Треба да знаете
Последни објави