Долгогодишната соработничка на српската телевизија ТВ Пинк, Драгана Трипиќ, утрината е пронајдена мртва во нејзиниот стан во белградската населба Миријево.
Телото на 58 годишната новинарка го пронашла нејзината ќерка.
Трипиќ си го одзела животот со бесење. Нејзината ќерка изјавила дека мајка ѝ подолго време била во депресија поради неможност да се извади од долгот настанат од земените кредити во швајцарски франци, пренесува српски Курир.
Нејзината последна објава на Твитер била со содржина поврзана токму со овој проблем, пишува Курир.